Природен сируп против кашлица
Објавено на 8 јануари, 2019 во 10:18
Овој сируп делува како и индустрискиот, но состојките му се природни.
Сирупот за кашлица може да го наравите сами по рецепт на нашите баби.
Состојки:
– 250 грама сиров мед
– 60 ml екстра девствено маслиново масло
– три лимони, исцедени
Подготовка:
Ставете ги сите состојки во помало тенџерче и загревајте на тивок оган додека не почне да испарува. Тргнете го од оган и оставете го да се излади. Ставете го во помала тегла и добро затворете. Може да го чувате во фрижидер три месеци. КОристете го по потреба.
На деца се даваат до три лажички дневно, а возразни две лажици дневно. Пред употреба загрејте го со тоа што тегличката ќе ја ставите во врела вода, промешајте и напијте се.