Дневен хороскоп за 09. јануари
Овен
Денес ќе ви биде важно да изгледате убаво и шармантно пред околината, но некој ќе го протолкува вашето однесување на погрешен начин. За време на средбата со саканата личност, ќе се соочите со недоразбирање во врска со заедничките приоритети. Избегнувајте стресни ситуации кои ќе ве вознемират.
Бик
Ќе се обидете да смислите корисни решенија, но вашата околина нема да ви ја даде посакуваната поддршка. Избегнувајте семејна расправија, ќе се каете за кажаните зборови. Најдобро ќе се чувствувате во друштво на личност која ќе ги разбере вашите емоционални потреби.
Близнаци
Ќе знаете како да се организирате и да ги завршите сите задачи навремено и без многу врева. Добра вест – ќе задоволите нечии високи критериуми. Додека вие делувате безгрижно, вашиот партнер ќе ви направи непотребна драма и ќе предизвика конфликт. Некој индиректно ќе го осуди вашето однесување.
Рак
Докажувањето на правдата не е вашата примарна цел во моментов. За жал, не можете да влијаете на нечие однесување. Партнерот сѐ помалку обрнува внимание на вашите коментари, па ќе имате впечаток дека ве држи настрана од некои „тајни планови“. Сѐ уште постои можноста дека ќе бидете пријатно изненадени.
Лав
Се грижите да оставите одличен впечаток кај вашите соработници, па во мегаломански стил ќе прифатите разни обврски. Ќе делувате вознемирено и ќе бидете со големи барања од останатите. Контролирајте ја импулсивната страна на вашата природа пред да повредите нечии чувства.
Девица
Треба да ги одредите вашите деловни цели и да ги подмирите постојните сметки, не дозволувајте некој да ве предводи. При средбата со саканата личност, добрата волја ќе „направи чуда“. Доволно е да се види насмевка на задоволство на лицето на саканата личност.
Вага
Важно е добро да се организирате и да го почитувате деловниот договор во предвидениот рок. Сѐ повеќе ви недостига нечие присуство. Премногу сте преокупирани со разни теми кои ве оддалечуваат од саканата личност. Треба да постигнете психолошка рамнотежа.
Скорпија
Нечија приказна ќе има спротивен ефект врз вас. Нема потреба да се оптоварувате со амбициозни цели. Бидете умерени во барањата пред саканата личност. Ќе уживате во средбата со блиските пријатели и, конечно, ќе се опуштите од сите стресни ситуации.
Стрелец
Некој ќе стави во неблагодарна ситуација и ќе почне да ве нервира со своето однесување. Потрудете се да ги остварите вашите намери. При средбата со саканата личност, ќе заклучите дека сè може да се промени на едноставен начин, да се покаже добра волја и желба за прилагодување.
Јарец
Договорот со една личност ќе ве обврзи на строга дискреција. Важно е да научите добра лекција за деловното однесување. Сакате поголемо емотивно внимание отколку што е возможно, па вашиот партнер ќе ви делува вознемирено и мрзливо. Најдете начин да се опуштите на крајот од денот.
Водолија
Ќе делувате амбициозно, но и нескромно во вашите изјави. Пред да донесете важна деловна одлука, испочитувајте нечие мислење. Вашиот партнер ќе има поразлични идеи од вашите, но наскоро ќе ги сфати своите грешки. Не можете некому да го наметнете своето мислење и волја.
Риби
Ваше е да ги создадете основните услови и да ја поведете главната иницијатива, а реализацијата на идејата препуштете ја на другите. Испланирајте романтична забава или нова љубовна средба. Ќе бидете многу задоволни од нечие внимание и наклонетост.
Дума.мк