Дневна доза на креативност: Марамата како детаљ за стилска различност
Големи волнени марами со реси не носиме само како класичен шал, туку и преку рамениците, а со него можеме да покриеме сако и да го украсиме со ремен. За целосна хармонија, изберете боја слична на облеката. Марамите од овој тип се всушност идеални за секојдневни комбинации. Еве неколку наши предлози:
Беж и слични нијанси се идеални за оние кои ги почитуваат правилата на класиката. Овие марами лесно се носат токму поради неутралната боја.
Освен класичните комбинации, слични детали сакаат и љубителите на победело облекување во зимските денови.
Ако црната облека ви е здодевна, надградете ја со марама и ремен.
Визуелно, марамата може да го украси целиот горен дел и да и даде уметнички карактер.
Шалот може да се користи и како јакна – темносината боја одговара на сите тонови, па дури и на ванила.