Еден ден во месецот јадете само јаболка или пијте јаболков сок – резултатот е одличен!
Едно јаболко содржи најмалку 150 хранливи материи, а да не зборуваме за витамините (главно А, Б и Ц), минерали (особено е богато со калиум, фосфор, хлор, натриум, магнезиум, калциум, сулфур, железо и флуор), пектин кој помага во намалување на шеќер и холестерол во крвта и органски киселини.
Кверцетин
Јаболката се особено вредни поради кверцетинот, супстанција со силно антиоксидативно дејство и способна да ги уништува вирусите, а според бројните истражувања има и силно влијание на многу распространетиот вирус на херпес симплекс кој предизвикува треска на усните. Но, не заборавајте дека јаболката треба да се јаде со кора, бидејќи најмногу кверцетин има во лушпата и веднаш под неа.
Пектин
Позитивните својства на јаболката не завршуваат тука: тие се ефикасни за добар сон, против хроничен замор, висок крвен притисок, вртоглавица, дебелина, главоболки, мигрена, дијареја, повраќање, болки во грлото, проширени вени, запек и многу други болести и нарушувања. Секако, јаболката најдобро е да се јадат свежи бидејќи содржат поголеми количества пектин, кој во организмот апсорбира вода и токсини во оргазинам. Затоа, некои експерти сугерираат дека би било пожелно еднаш месечно да се детоксицира организмот така што еден да се јаде само јаболка и да се пие сок од јаболка.
Заби и здив
Освен тоа, со оглед на тоа што пектинот има големо влијание на слузницата на цревата, се препорачува да се земаат јаболка и во случаи на запек или дијареја, а стоматолозите ги сметаат за пожелни за нега на забите и како одлично средство за освежување на здивот. Не заборавајте го ниту сокот од јаболко, кој е лековит и многу освежителен пијалак кој ги содржи сите состојки како и јаболкото, но не засладениот од продавницата, туку сокот што сами сте го направиле во соковник.