Голема промена на Инстаграм: Нема повеќе упади меѓу пораките

Објавено на 15 февруари, 2022 во 11:05

Инстаграм одлучи да го промени начинот на кој реагираме на нечија „Приказна“, што значи дека конечно нашите реакции повеќе нема да изгледаат како несакани упади меѓу пораките.

Имено, досега единствениот начин да се реагира на нечии ‘приказни’ беше да се испрати порака или некое емоџи и тоа од корисниците се гледаше како порака. Но, сега тие одлучија да го променат тоа со нова опција за „приватен лајк“.

Како што објави шефот на Инстаграм, Адам Мосери, овие лајкови на приказни се приватни во смисла дека само вие ги гледате и немаат да се бројат. Ќе можете да лајкувате туѓи објави со кликнување на иконата за срце што ќе се појави веднаш до иконата преку која досега испраќавме пораки до други корисници.

Мосери објасни дека целта на ова е корисниците да можат да реагираат на туѓи објави или да изразат поддршка, но и да го исчистат сандачето со пораки за да останат само оние важни важни.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.