23.01.2021
ОВЕН
Во некои работи дефинитивно претерувате, и треба да размислите колку воопшто тоа ќе ви користи. Не ги присилувајте другите да прават работи на вашиот начин. Лицето што ви се допаѓа од вас извлекува голема количина добра енергија, духовитост и ентузијазам.
22.01.2021
Овен
Доколку се занимавате со некое хоби, официјално ќе престанете со него поради екстремно лошата ситуација во која се наоѓате. Односот со партнерот е стабилен, иако сте фокусирани на своите проблеми, а не на оние на партнерот.
21.01.2021
Овен
Ве очекува напредување. Новите идеи ќе ви овозможат и добра заработка. На краткиот деловен пат можна е минлива врска. Инаку, емотивниот живот ви е исклучително бурен. Повеќе внимание посветете му на своето здравје. Вие сте хедонист.
20.01.2021
Овен
Денес ќе бидете полни со енергија. Искористете го тоа за да напредувате на работа. Личноста која не сте ја забележувале досега можно е да ви се вовлече под кожа.
18.01.2021
Овен
Денес ќе му ја покажете на светот вашата лоша страна. Незадоволни сте и лошо расположени, па најверојатно ќе го исфрлите тоа на некого кој не е ниту виновен ниту должен. Обидете се да се воздржите и да не ја повредите саканата личност затоа што денот ви започна лошо. Не треба да ви биде вреќа за боксување. Совладувајте се!
16.01.2021
ОВЕН
Прекумерната грижа станува исцрпувачка за секого. Вашите стравови ги проектирате претежно на женскиот дел од семејството. Интензивно размислувате за секој детал, а големите работи ги пропуштате. Вашата потреба да ги задоволите сите дома ја чувствувате како притисок.