основен суд велес
Основен суд Велес, врз основа на чл.38 ст.3 од Законот за судовите (Сл.весник на РСМ бр.58/06), чл.7 од Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите (Сл.весник на РСМ 83/2018) и Одлуката бр.02-2158/1 од 10.12.2015 година на Судски совет на Република Северна Македонија (Сл.весник на РСМ бр.219/15 од 14.12.2015 година), а во врска со потребата од избор на судии поротници поради истек на мандатот на ден 14.11.2020 година, на ден 29.10.2020 година, го објавува следниот:
О Г Л А С
за избор на 30 судии-поротници во Основен суд Велес
- Кандидатот за судија – поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
- да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
- да има завршено најмалку средно образование
- активно да го владее македонскиот јазик
- да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
- да не е постар од 60 години.
- За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.
III. Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:
-Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),
-Уверение за државјанство (не постаро од 6 месеци),
-Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање, не постара од 6 месеци).
- Пријавата со потребните документи и телефон за контакт да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.
Основен суд Велес