Кои хороскопски знаци се спротивни?
Хороскопот ги предвидува сите аспекти од животот, но се чини дека секогаш најважно е љубовното поле. Доколку верувате во хороскоп, прочитајте повеќе за тоа што треба да сторите за да имате успешна љубовна приказна.
Овен (спротивен знак – вага)Ако заземете став дека сте отворени за компромиси и дека сакате заеднички да им приоѓате на проблемите, му кажувате на партнерот дека го цените доволно за да го вклучите во носењето на клучните одлуки. За да го подобрите љубовното искуство мора да научите да функционирате како тим.
Бик (спротивен знак – скорпија)
Едноставно морате да бидете подготвени да дозволите љубовта да Ве трансформира. Истражувањето на интензивните нешта во животот, додека Вашата сензуалност Ви станува удобна, е единствениот начин на кој можете да бидете поискрени со саканиот.
Близнаци (спротивен знак – стрелец)
Развивањето на чувство за авантура и волјата за истражување на она што животот има да го понуди, ќе Ви помогне да се чувствувате поенергично. Шаблоните од различните социјални или културни средини имаат големо значење за Вас, што гарантира дека љубовта никогаш нема да биде здодевна, а може да биде и егзотична.
Рак (спротивен знак – јарец)
За Вас клучно е сфаќањето на фактот дека границите не се лоша работа. Границите можат да го обезбедат чувството на сигурност во љубовта по кое копнеете; и да Ви помогнат да сфатите дека иако постои ограничување на времето што можете да го поминете со партнерот, за љубовта не постојат граници.
Лав (спротивен знак – водолија)
Ако можете да создадете чувство на заедништво, што ќе Ви помогне да ги земете предвид потребите на другите во иста мера колку сопствените, тоа ќе Ве изложи на цела палета потенцијални партнери. Заборавете на предрасудите за тоа каков мислите дека треба да биде Вашиот партнер и така полесно ќе го најдете тоа што го барате.
Девица (спротивен знак – риби)
Разберете – љубовта бара одење онаму каде што ќе Ве одведе патот, наместо да се обидувате да го менаџирате секој детаљ. Само така ќе пронајдете љубов и ќе бидете среќни.
Вага (спротивен знак – овен)
Експериментирајте со ставот – прво јас. Ова ќе им покаже на другите дека иако сте фокусирани на љубовта, знаете како да се грижите за себеси. Ќе откриете и еден изненадувачки факт – кога ќе кажете не, тоа само ја зголемува Вашата привлечност.
Скорпија (спротивен знак – бик)
Забавете малку и уживајте во задоволствата што Ви ги нуди животот и целосно прифатете ја романсата, онака како што ќе се појави. На тој начин ќе можете да се ослободите и од дел од сомнежите што ги имате за некои луѓе, бидејќи, верувале или не, понекогаш луѓето се токму онакви како што изгледаат.
Стрелец (спротивен знак – близнаци)
За да си ги подобрите врските, треба да развиете љубопитство и за другите луѓе, а не само за светот. Наместо акција, клучната компонента од љубовта за Вас треба да биде разговорот. Ако се сомневате за нешто, започнете да разговарате.
Јарец (спротивен знак – рак)
Вашата нежна страна е позитивна карактеристика, а не слабост – барем во светот на љубовта. Покажувањето на чувствата и откривањето што навистина сакате помага во градењето доверба и зголемувањето на шансите во врската.
Водолија (спротивен знак – лав)
Изразувањето на креативната страна Ви го подобрува љубовниот живот. Иако алтруистичките мотиви се за поздравување, партнерот сака да ги види Вашите интереси и таленти. Понекогаш е во ред да бидете ѕвездата.
Риби (спротивен знак – девица)
Иако најчесто сакате да одите онаму каде што ќе Ве одведе патот, малку организација може да направи чуда во љубовта. Деталите дефинитивно се важни во љубовта, затоа секогаш обидувајте се да ги запомните малите нешта.