Како да препознаете топлотен удар и сончаница?
Сончаницата настанува поради прекумерно изложување на сонце, топлотниот удар може да се јави и тогаш кога не сме изложени на сонце.
Ова се симптомите на сончаница: силна главоболка, зголемена телесна температура, сува кожа, поспаност, вртоглавица, неочекувано „затемнување“ пред очите, зуење во ушите, несвестица.
На лицето кое има сончаница можете да му помогнете на тој начин што ќе го повлечето во поладна и затемнета просторија, ќе го ставите во лежечка состојба и ќе го прскате со вода на собна температура. Исто така, се препорачува да му дадете вода во која ќе ставите малку сол. Доколку состојбата не му се стабилизра брзо, повикајте Брза помош.
Симптоми кај топлотен удар: забрзано дишење, забрзан пулс, зголемена телесна температура, чувство на слабост, сува кожа, низок крвен пристисок, вртоглавица, жед.
На лицето кое ќе добие топлотен удар можете да му помогнете ако го повлечето во ладна просторија, ослободете го од облеката и обувките и по потреба истуширајте го со ладна вода. За понатамошна нега консултирајте се со лекар.
Но, за да не дојде до овие ситуации, најдобро е во најтоплиот дел од денот да не излегувате од дома, доколку морате, понесете шише со вода и шешир или капа за сонце, избегнувајте алкохол и кафе и што почесто туширајте се со млака вода.