Како да сварите јајца за бојадисување за Велигден без да испукаат?
Ова е причината зошто јајцата пукаат кога ги варите: Еве како да успеете да не ви испукаат за Велигден
Многу домаќинки за Велигден имаат проблем со јајца кои пукаат кога се варат и на тој начин остануваат неискористени.
Никако не варете јајцата директно извадени од фрижидер
Јајцата не треба веднаш да се стават да се варат штом ги извадите од фрижидер туку потребно е да се остават на собна температура неколку часа. Студените јајца, всушност, пукаат многу лесно додека се варат.
Многу домаќинки за Велигден имаат проблем со јајца кои пукаат кога се варат па не можат да ги бојадисаат.
Откако јајцата ќе отстојат неколку часа на собна температура ставете ги во садот за варење и прелијте ги со ладна вода. Потребно е тие да бидат покриени со најмалку 2 сантиметри вода повеќе од големината. Водата истурете ја полека, а потоа додадете половина лажичка оцет и сол. Оцетот е особено важен во спречување на формирање пукнатини на лушпата од јајцето.
Температурата на плочата за готвење не смее да биде најсилна
Вклучете средна топлина и почекајте водата да зоврие, а потоа намалете ја топлината уште малку и варете на тивок оган додека јајцето не се свари. За жал, не постои гаранција дека ниту едно јајце нема да испука. Тоа зависи и од видот на јајцето кое сте го купиле. Меѓутоа, ако се држите до овие методи, шансите за успех се големи.