Проверете ја брзината на вашиот интернет
Netflix претстави нов и наједноставен „speed test“ досега. Tреба само да го отворите Fast.com, и да ја видите вашата интернет брзина.
Сервисот е интересна алатка која одлично се користи на мобилен телефон, и без сомневање е еден вид провокација на Netflix кон провајдерите кои ја ограничуваат брзината на нивните видеа. Во оваа насока е и советот до корисниците кои е прикажан на веб-страницата. „Доколку резултатите од Fast.vom и останатите сервиси за проверка на брзината не се исти со она што ви го ветуваат, контактирајте го вашиот интернет провајдер“.
Сепак со оглед на тоа дека квалитетот на Интернет е посложен од ова, сервисот доаѓа со линк до speedtest.net, каде може да проверите повеќе детали како брзина на преземање од различни сервери на различни локации, латенцијата или доцнењето.
http://it.mk/