Како да го намалите бројот на пријатели на Фејсбук!
Ова се најдобрите начини за намалување на бројот на пријатели на Фејсбук, и доколку ги следите советите подоле ќе останете со оние најблиските кои мора да ве трпат.
– Споделување на голем број фотографии и означување на пријатели на истите. Секако дека е добро да споделувате по некој албум на Фејсбук, но споделување на скоро секоја фотографија која ќе ја направите, од секое ваше излегување, прошетка или некоја смешна фотографија е добра причина за отстранување од листата на пријатели.
-Чести статиси за тоа што правиш. Сигурни ли сте дека вашите пријатели сакаат да знаат дека ти си го вкусил најдобриот хамбургер на планетата, па потоа си пиел кафе со пријателите, па си играл пикадо и на крај си вечерал дома пред телевизорот? Доколку овие работи се присутни на твојот профил, секој ден твојот број на пријатели ќе се намалува.
-Премногу самопромоција. Имаш најдобар пријател на светот, ти си најдобар во она што го правиш, доколку нешто ново направиш ги известуваш сите, отвараш фан страници и ги покануваш твоите пријатели? Не си на добар пат да стекнеш нови пријателства.
-Своите расправии ги решаваш на ѕидот на Фејсбук. Поставување на статус, објава, песна со којана другите им покажуваш колку вашата бивша девојка е незаменива …сигурно ќе го намали бројот на вашите пријатели.