Сонатите на Шекспир за Ајфон и Ајпод!
Новата апликација за Ајфон и Ајпод која има за цел сонатите на Вилијам Шекспир да ги приближи на пошироката јавност во вид на краток филм во кој играат театарски глумци пред знаменитостите во Њујорк.
“Проектот сонати” се бесплатна апликација за Ајфон и Ајпод и претставуваат поезија на познатиот писател во двоминутните филмови во кои играат добитниците на Тони наградите меѓу кои се и Џоана Глисон и Кеди Хофман.
-“Шекспир има негативна репутација. Многу луѓе велат дека не го сакаат Шекспир бидејќи е досаден “,изјавил Рос Вилијамс,уметнички директор на Њујоршката размена на Шекспир,непрофитна организација која стои зад проектот.
Шекспировите 154 сонати,кои прв пат се објавени во 1609 година ги откриваат темите за љубовта,убавината и смртта,пренесуваат оттаму. Разните локации во Њујорк се избрани за секоја соната вклучувајќи го и Светскиот трговски центар и Бруклинскиот мост.
За да се одбележи придвижувањето на апликациите денес се објавени 10 кратки филмови а по еден нов филм ќе се објавува на растојание од неколку денови.
Околу 75 и повеќе филмови се завршени а некои се во процес на изработка. Корисниците на апликациите ќе добијат известување кога ќе се објави нов филм.
