Апликации кои го успоруваат телефонот
Сигурно се прашувате кои апликации на вашиот телефон работат во позадина, го успоруваат телефонот, но ја празнат и батеријата. Одговор на ова прашање може да се добие од листата што ја направи AVG.
Апликациите се поделени во две групи – првата група ја сочинуваат апликациите избрани од страна на корисниците, а тука најголем проблем е Snapchat. Оваа апликација за забавувањето на перформансите успеа да ја престигне и апликацијата на Фејсбук, а за ова е заслужно симултаното користење на камерата, Wi-Fi/Cellural податоците и GPS-от.
Големо изненадување претставува Tumblr апликацијата која троши најмногу податоци, повеќе од Netflix и Spotify заедно.
Кога се во прашање апликациите кои автоматски стартуваат или работат во позадина, на прво место е Facebook, а следуваат Google Play Services.