Сместете ги платежните картички во телефон!
Немате повеќе место за сите ваши картички во паричникот? Имате посебна кутиичка за нив? Се беше убаво до пред некое време, но сега веќе ви пречат? Има решение.
Паметниот телефон може да ги „собере“ сите ваши картички на едно место, а тие да ви бидат достапни без разлика дали имате интернет во моментот или не.
NFC плаќањето и технологијата е новото „бојно поле“ во банкарството, а помладите, особено оние „зависни“ од нови технологии и уреди, сигурно ќе посакаат сите картички да ги „сместат“ на телефонот, па место со „пластика“ само да го приближат телефонот до читачот и да платат за услуга или прозвод.
Во светски рамки, MasterCard и Visa ги туркаат своите сопствени технологии и терминали за безконтактни плаќања, со што водат до следниот бран уреди кои имаат вградени NFC-чипови во нив.
Тоа е едноставно, сигурно плаќање од само една сметка, без разлика колку картички поседувате.
Исто така, за пристап до картичката не ви е потребно отчукување на пин-код или доколку пазарите преку интернет, нема да мора да го отчукате бројот на картичката.
Направена е основа за безбедно плаќање со картички каде и да пазарите.
На овој начин може да бидете сигурни дека картичката нема да ви ја украдат или да ја загубите, а кога евентуално би го загубиле телефонот, тогаш сметајте дека сте ги загубиле сите картички, па ќе мора да се јавите во банка да ви ги блокираат.
Секоја од вашите картички може да се употреби во стотици илјади продажни места.
Дигиталниот паричник не е ограничен, а банкарските ситеми ќе ви овозможат финансиски услуги каде и да сте.
За да стигнете до оваа услуга, банките се потрудиле да ги следат вашите навики. Значи, нема одење до банка и чекање ред на шалтер. Едноставно, од удобноста на вашиот дом, преку телефон или интернет, може да се логирате на сметката во вашата банка, која доколку го има интегрирано овој нов систем на плаќање, ќе ви овозможи сите картички кои ги поседувате да ги „претворите“ во дигитални.