ФБ месинџер го тестира автоматскиот превод од шпански на англиски јазик
Објавено на 22 јуни, 2018 во 09:44
Фејсбук месинџерот отсега дозволува автоматски превод на пораките од шпански на англиски јазик и обратно, како што и беше најавено пред неколлку месеци.
Функцијата М Транслејшнс ќе биде дел од веќе постоечкиот сет М-Саџесченс и овозможува креирање готови автоматски одговори или означување локација. Новата опција првично ќе биде достапна во САД и Мексико.
Фејсбук има намера, освен англиски и шпански, во блиска иднина да опфати и други јазици.