Придобивки од чајот и од маслото од нане

Објавено на 6 август, 2021 во 16:35

Чајот од нане помага во „битката“ против лошиот здив, како што посочуваат последните истражувања. Имено, за тоа е доволна една „гаргара“ со чај од нане и лимон дневно.

Следат уште неколку придобивки од нането.  

Истражувањата покажуваат и дека маслото од ова растение има антибактериски својства кои може да помогне во спречување на заболувања непца и на забен камен. Аромата на чајот може да ги ублажи симптомите на мигрена. А исто така, може да го отне носот и да ги ублажи инфекциите на горниот респираторен тракт, како и маслото од нане.

Тука е и пријатното влијание при вознемирен стомак и гасови.

Ги олеснува и грчевите во мускулите при менструација кај жената.

Чајот не содржи кофеин, но има позитивно влијание врз умствената способност. Истражување на Универзитетот во Нортамбрија покажа дека нането го подобрува расположението и памтењето.

Испитувањата опфатиле 180 лица. И при проблеми со вишок килограми, чаша чај од нане обезбедува чувство на ситост во текот на денот. На овој начин ќе избегнете внесување вишок калории и многу веројатно ќе ослабите.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.