Природен мелем од две состојки за полни усни

Објавено на 25 мај, 2021 во 10:17

Доколку сакате полни усни но на природен начин, подгответе ги овие две состојки и за кратко време ќе го имате посакуваниот изглед. Се што ви треба е цимет и вазелин.

Кога се мешаат, овие состојки ја стимулираат циркулацијата во усните, па стануваат уште поизразени во боја и изгледаат поголеми и полни. Циметот е задолжен за стимулирање на циркулацијата и проширување на крвните садови, додека вазелинот ги прави усните меки и негувани.

Подготовката е многу лесна, измешајте лажичка стопен вазелин и еден нокт цимет во прав, така што тие убаво да се спојат, па нанесете ја на претходно измиените и исушени усни.

Ако додадете половина лажичка мед на овој рецепт, тогаш измешајте ги сите состојки и оставете ја смесата да се стврдне во фрижидер 24 часа, така ќе добиете природен мелем за усни.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.