Штиклите се втората искрена љубов на жените!
Никогаш неможеме да ги имаме доволно, секогаш недостасува оној еден пар за нашата колекција да биде совршена.
А знаеме дека никогаш не е. Секогаш може да пронајдеме причина за да купиме нов пар на потпетици, розеви, со платформа, без платформа, со високи потептици …
Многумина жени и покрај целосната колекција на штикли, секогаш го има оној облик на потпетици кој најмногу го сака. Баш тој облик на високи потпетици кажува многу за нашиот карактер. За овие откритија најзадолжни се Французите, кои се познати по својата љубов кон модата.
Француските психолози претставија навистина интересно истражување кое ја открива врската помеѓу женскиот карактер и штиклите кои тие ги носат.
Според нив, високи потпетици носат две сосем различни групи на жени.
Во едната група спаѓаат жени кои високите потпетици ги користат за подигнување на самодовербата, додека во другата група спаѓаат оние кои што секогаш се спремни за предизвици и секогаш се женствени.
Практичните и романтични жени обожаваат платформи
Психолозите објаснуваат дека овие жени знаат што сакаат и како да го постигнат тоа.
Психолозите ги анализирале и полните пети. Според нив, жените кои ги обожаваат високите потептици со полна штикла се самоуверени, имаат силни ставови и мислење кои еднаво цврсто ги штитат и бранат.
Оние кои преферираат ниски и полни, се флексибилни и опуштени. Они се склони кон компромиси и со нив разговорот е секогаш пријатен.
Жените кои преферираат т.н. “машки” чевли исто така знаат што сакаат, но често паѓаат во депресија.
Спортските модели според француските психолози, ги обожаваат жени кои лесно доаѓаат во контакт со другите луѓе. Тие се малку конзервативни и не сакаат промени во животот.
Се препознавте ли некаде!?
