Новогодишна шминка!

Објавено на 31 декември, 2012 во 10:52

Златни правила кои мора да ги испочитувате за новогодишната ноќ…

1. Шминката мора да одговара на фризурата

Пред да почнете да нанесувате шминка, прво размислете каков тип на фризура ќе носите вечерта. Па така, ако косата ви е фатена тогаш можете да носите малку понападна шминка во која ќе искористите црвен кармин и неутрална сенка, а додека пак ако имате фризура во која вашата коса е пуштена, најдобро прилега смоуки шминка, но мора да искористите понеутрална боја на кармин.

2. Не ставајте премногу пудра

Во обид да ги скријат недостатоците жените ставаат премногу шминка, особено пудра и со тоа постигнуваат спротивен ефект, бидејќи преголемото количество пудра се познава и не делува убаво. Затоа прво ставете подлога, па течна пудра и заборавете на пудрата во прав.

3. Два слоја руменило за посвеж изглед

Вашите образи можете да ги истакнете така што ќе ставите два слоја руменило. Под јаболкниците на лицето ќе ставите руменило во кафена нијанса, а на самите јаболкници розева нијанса. Така ќе добиете посвеж изглед.

4. Внимателно со тушот и моливчето за очи

Очите треба да ги истакнете, но не смеете да претерете при користењето на тушот и моливчето за очи. Затоа поставете една точка на надворешниот капак и до неа исцртајте ја линијата и нашминкајте ги очите само на горниот капак за потоа да не делувате уморно.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.