Модни новогодишни одлуки!

Објавено на 3 јануари, 2013 во 13:45

– Исчистете го ормарот, немој во него да натрупувате облека која не ја носите.

– Не купувајте само модерна облека, туку секоја сезона вложувајте во неколку класични квалитетни парчиња кои се долготрајни.

– Купувајте само квалитетни чевли. Така ќе можете и оние со високи потпетици да ги носите цел ден. Со високи квалитетни потпетици ќе се чуствувате многу атрактивно.

– Повеќе ризикувајте. Повеќето личности играат повеќе на сигурно кога станува збор за модните избори. Пробајте нови модни комбинации.

– Малку повеќе трудете се. Нај лесно е да западнете во рутина и секогаш да носите слични модни комбинации. Оваа година одлучете се како од вашата стара гардероба да направите нови модни комбинации.

– Во ормарот треба задолжително да ги имате следните клучни парчиња: мал црн фустан, совршени фармерки, бела маичка и џемпер кој одговара на се.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.