Хит фризури за пролет: Погледнете ги најновите трендови!
Објавено: 12 февруари, 2013, во 12:07 часот
Познатите дами ги промовираат современите фризури на црвениот тепих, на бројни филмски и музички настани, а некои од трендовите сме виделе и на ревиите на познатите дизајнери. Еве што ќе биде актуелно оваа пролет.
Брановидна фризура
Експертите за коса и фризури инспирација пронајдоа во деведесетитте години – па така косата зеде малку див, брановиден и несреден изглед. Како да ја направите оваа фризура? Тоа, секако, зависи од вашата коса и нејзините текстури. Ако имате непослушна коса која штрчи на сите страни – секога повеќе не треба да се обидувате да ја скротите.
Конечно може да и дадете слобода – попрскајте ја со спреј за волумен и уште повеќе згужвајте ја со прстите и разбушавете ја. Ако имате тенка и мека или густа и целосно рамна – ќе ви треба малку повеќе напор за да го постигнетепосакуваниот ефект. Ставете големи витлери, за потоа да ја натапирате и разбушавете.

Ретро фризура
Шеесетите се “ин” што се однесува на облеката , а потоа шминката и косата. Тоа значи дека повторно се носи натапирана коса, подигната во пунџа или пак врзана во реп. Моделите кај Марк Јакобс имале таквикласични фризури, како и кај Луи Витон, каде изгледот е до потполнет со машна и лак за коса.

Цик Цак бранови
Мислевте дека оваа фризура никогаш нема да се вратиЁ Погрешно. Еве ги повторно брановите но направени цик-цак со пегла за коса и со многу многу текстура. Единствената разлика е во тоа што за некои дизајнери и модели косата останува релативно залижана, а кај други целосно дива, нескротлива, и разбушавена.

