Да се носи или не градник ?

Објавено на 24 мај, 2013 во 08:03

Многу од жените воопшто не размислуваат за тоа дали треба или не треба да носат градник бидејќи ова парче облека го сметаме за задолжително и неопходно.

Градниците ни ја обезбедуваат потребната поддршка ни помагаат облеката подобро да ни стои за да можеме она што го имаме да го покажеме во подобро светло. Обично веруваме дека градникот ја чува цврстината и го одржува младешкиот изглед на градите ,но дали тоа е навистина точно?

Имено,истражувањето спроведено во Франција покажало дека ова парче од женската гардероба потполно е непотребно. Професорот Jean-Denis Rouillon од Centre Hospitalier Universitairea цели 15 години ги испитувал женските градници и гардите на 130 жени и дошол до интересни заклучоци. Имено,тој тврди дека носењето на градници нема да спречи гардите со текот на времето да се опуштат или појавата на болки во грбот.

-“Медицински,психолошки и физички градите немаат никакви предности ако им се скратува гравитацијата. Напротив,поради тоа уште повеќе висат“!,тврди Rouillon.Тој дошол до заклучок дека мускулите околу гардите се зацврстуваат и дека градите се подигнуваат ако не носите градник. Но тоа се однесува само на оние жени чии градни мускули веќе се опуштиле па затоа избегнување да се носи градник не се препорачува на сите жени.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.