Комбинезоните повторно атрактивни!
Комбинезоните и ова лето се на самиот врв на модните скалила а со оглед на тоа дека ги преплавија излозите во продавниците се чини дека и никогаш не биле толку популарни како сега.
Многу се практични и атрактивни па не е ни чудо што се инспирација на многу дизајнери кои им дадоа нов печат. Комбинезонот е многу благодарно парче облека бидејќи можете да го носете во разни пригоди и да го комбинирате на повеќе начини.
Дизајнерите се погрижија да ги прилагодат моделите по различни вкусови па и изборот ова лето е многу разновиден. Предност на комбинезоните е тоа што одговараат на сите ,на секој облик на тело а се помош на ремен можете да го направите и потесен.
Свилените комбинезони со префинети линии одаваат ретро шик а во комбинација со накит и високи потпетици изгледаат многу елегантно. Сепак овие модели не се резервирани само за вечер и посебни прилики туку и за дневни поопуштени варијанти.
За опуштени пригоди идеални се едноставни памучни модели, еднобојни или прошарани со дезени. Незаобиколни се и топ комбинезоните кои ги откриваат рамената,како и моделите со еден ракав.
Комбинзоните во јаки и дречливи бои се хит на летото а одличен избор се за ден и ноќ,како и комбинезони со многу широки ногавици и длабоки V изрези.
Доколку сакате да ја истакнете половината стилистите предлагаат ретро модели со изразени прерамки а за дамите кои сакаат да ги покажат нозете тука се моделите со исечени ногавици како и кратки комбинезони кои ја издолжуваат фигурата.
За летните вечери идеални се гламурозни модели украсено со атрактивни детали како штрас, циркони, каменчиња… А незаобиколни се и комбинезоните прошарани со анимал принт, морнарски линии, овошје, цвеќе….
