Брчките и набраната кожа се последици од шеќерот

Објавено на 13 јануари, 2016 во 07:29

Ако после ручек сте изеле колач, може ќе се загрижите дека ќе се здебелите, но една понова теорија покажува дека треба повеќе да бидете загрижени за кожата на лицето.

Патриција Фарис познат американски дерматолог во својата најнова книга појаснува дека не многу познати последица од  преголем внес на шеќер се брчките и свисната кожа.

Високо ниво на шеќер во крвта ја напаѓа кожата. Цел тој шеќер се спојува со молекулите на протеините, еластинот и колагенот. Затоа меките и убавите станици на кожата стануваат крути со што настануваат брчки и губење на еластичноста, се што не сакаме на нашето лице.

Во книгата се потикнува одвикнување од шеќерите  и јагленохидратите воопшто која почнува со три напорни дена на детоксикација. Истражувањето покажуваат дека одвикнувањето од шеќери е еднакво тешко како одвикнивање од дроги. Луѓетo остануваат депресивни, се тресат и се напорни.

За оние кои не се подготвени да се откажат веднаш од шеќерот, се препорачуваат оброци со овошје и малку протеини, со што ќе се оневозможи нагла промена на шеќерот во крвта.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.