Природниот витамин Ц – најважен витамин за добро здравје
Важноста на природните витамини и минерали е добро познато. Еден од нај препорачуваните е витаминот Ц. Првата и најчестата асоцијација која е поврзана со овој витамин е неговото делување на настинката и грипот, но и неговите позитивни влијанија на организмот.
Витаминот Ц е силен имуно стимулатор и голем сојузник во војната против вирусните и бактериските инфекции. Истражувањата потврдуваат дека витаминот Ц може да го намали ризикот од неколку видови на рак, како и срцевите заболувања. Со оглед на тоа дека е природен антисептик, значајна е и неговата улога во војната против алергии и болестите на дишните патишта. Во комбинација со фолна киселина и витаминот Б12 го поттикнува производство на црвените крвни зрнца, чија задача е пренесување на кислородот од белите дробови во сите делови на телото.
Најважните функции на витаминот Ц׃
Зајакнување на имунитетот
Го чува здравјето на срцето и крвните жили
Помага во зацелување на раните
Го чисти организмот од токсини и тешките метали
Спречува инфекции на уринарниот тракт
Ги чува очите и видот
Регулира хормони
Помага во разградбата на холестеролот
Природни извори на витамин Ц
Природни извори на витаминот Ц се овошје и зеленчук. Од овошјето кое е богато со овој витамин се истакнуваат׃ лимон, ацерола, аронија, мандарина, шипка, јагода, вишна, малина, боровинка, црните рибизли, киви, манго, ананас, папаја, лубеница, диња, слива, грозје и грејпфрут.
Зеленчук кој е богат со витамин Ц׃ зелена и црвена пиперка, брокула, карфиол, компир, зелка, спанаќ, лук, кромид, син патлиџан, морков, краставица, зелен лиснат зеленчук. Од природните додатоци на јадење Ви препорачуваме производи кои содржат природен витамин Ц од аронија, шипка, ацерола и ацаи.