Со камилица во борба против стриите

Објавено на 22 јануари, 2016 во 08:25

Стриите најмногу ги има на стомакот, бедрата, градите и задникот.

За ефикасна борба против стриите потребно е во исхраната почесто да внесувате намирници кои се богати со витамините К, Е и Ц. Истовремено загрозените места третирајте ги со специјални препарати, а ние ќе ви предложиме нешто кое можете дома сами да го направите.

Измешајте камилица и масло од лаванда и јојоба и смесата нанесувајте ја секој ден на местото каде што ви се појавиле стриите. Исто така можете да измешате авокадо со маслиново масло и лимон и два пати неделно да ја негувате кожата.

Резултати ќе има само доколку редовно ја негувате кожата, а кога стриите ќе почнат да белеат можете да користите смеса која ќе биде мешавина од маслиново и бадемово масло.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.