Циркулацијата најбрзо ќе ја поттикнете со четка
Објавено на 30 јануари, 2016 во 07:48
Преку лимфниот систем ткивата се ослободуваат од токсините. Бидејќи лимфниот систем не функционира ефикасно како крвотокот штетните материи можат лесно да се акумулираат а тоа најчесто се случува меѓу клетките на колковите,бедрата и задникот.
На овој начин масните наслаги се потиснуваат кон горе и пробиваат низ фиброзната мрежа што доведува до создавање на целулит.
За да го стимулирате процесот на лимфна дренажа и да осигурете проток на доволна количина на кислород во кожата секој ден почнете со четкање на сувата кожа од стапалата кон горниот дел на телото.
Четката мора да биде доволно мека бидејќи острите влакна може да ја иритираат кожата. Четките за туширање омекнуваат откако ќе се намократ па тие не се препорачуваат.