Сите благодети на оревите
Македонија не е земја која може да се пофали со производство на ореви и покрај тоа што ги имаме сите предуслови за негово одгледување. Некој од земјите кои имаат слична клима и географски карактеристики како нашата, произведуваат големи количини ореви. На пример, во Молдавија, оревот расте покрај сите главни патишта и го има во речиси сите приватни дворови, а го сметаат за национално богатство. Го извезуваат во западноевропските развиени земји и остваруваат голем девизен приход.
За оревите и нивните хранливи состојки има направено повеќе студии.
Покрај тоа што оревите имаат два пати поголемо ниво на антиоксидантот полифенол, немаме навика за нивно секојдневно конзумирање.
Ова овoшје е богато со антиоксиданси и му помага на организмот да се ослободи од радикалите кои што ги оштетуваат ќелиите и предизвикуваат многу болести.
Јаткастото овошје: бадемите, кикириките, фстаците, лешникот и индиските ореви, исто така се богати со незаситени масни киселини, витамини и протеини, меѓутоа според сите испитуивања ова овошје не се конзумира во доволни количини.
Испитувањата покажуваат дека секојдневното конзумирање на ореви ги намалува знаците на стареење, и истовремено штити од срцени заболувања и некои врсти на рак. Препорачаната дневна доза е седум ореви.
Покрај антиоксидантите, оревите се богати и со здрави влакна, протеини, витамини и минерали. Со секојдневното внесување на ореви се намлуваат и шансите за заболување од дијабетес тип 2. Оревот во себе содржи и високо ниво на масти (55-56%), како и високо квалитетни протеини (15%) и јаглени хидрати, а исто така е богат и со калиум, магнезиум, фосфор, железо и витамини Б и Ц. Тие во својот состав имаат и здрави мононезаситени масти и полинезастени масти кои не ги запушуваат крвните садови.
Многумина го избегнуваат внесот на ореви од страв дека ќе ја зголемат телесната тежина, но ова не е точно бидејќи со нивниот внес можете да изгубите на тежина. Тие ќе ви помогнат да се чувствувате сито подолг период.
Најдобро е да се конзумираат сирови, бидејки со термичка обработка се намалува нивната ефикасност.