Како физичката активност го забавува стареењето?!
Сите знаеме дека движењето е добро за нас, но можеби е уште по интересно фактот дека тоа може да не подмлади и до 9 години. Научниците веќе со години се мачат да ја откријат волшебната формула за продолжување на животот и младоликиот изглед. Во едни истражувања забележале дека одговорот на ова прашање се наоѓа во теломерот ( физичките краеви на хромозомите кои се скратуваат со секое делење на клетките и се показатели на стареењето на организмот ).
Телесните вежби кои доведуваат до интензивно загревање на телото и кое се спроведува барем 3 часа секоја недела има поголемо влијание на должината на телометарот и младоликиот изглед, за разлика од неактивноста пред телевизорот. Тестирање се одвиваше на група млади луѓе, кои беа замолени да три недели ништо не работаат физички, односно да одмараат. Само три недели на физичка неактивност доведоа до поголеми физиолошки промени кај испитаниците, зголемување на крвниот притисок, капацитетот на срцето е помал, поголемо протекување на маснотиите доведуваат до побрзото стареење. Постои решение, само е потребно малку дисциплина, желба и мотивација.
Вежби за сила: со стареењето се намалува мускулната маса. Подигањето на теговите и други видови на вежби со надворешното оптоварување се важни за одржување на здраво и витално тело.
Енергетски вежби: азиската традиција зборува за поврзаноста на енергија, вежбите и стареењето. Така на пример вежбитекои се презентираат за превенција на стареење се Tai Chi и Qi Gong вежби. Овие вежби вклучуваат низ на бавни движења во потполна синергија со дишењето. Во тие вежби, правилното дишење е важно за оксидација на телото и спречува губење на калоген и прераното стареење.
Јога вежби: за јога многу знаеме, затоа не потребно да објаснуваме за незините позитивни ефекти, техники на дишење и релаксација за одржување на менталното здравје.
Ако можеби до сега успешно ги избегнувавте било каков вид на вежбање, време е да размислете дали навистина сакате да за неколку години изгледате постаро отколку што сте.