Диета со сурова храна
За кого е наменета ова диета?
Освен за подобрување на имунитетот, суровата храна покажала добри резултати и кај дијабетесот и кардиоваскуларните заболувања, што е логичен резултат на исхрана без рафинирани шеќери и животински маснотии. Меѓутоа, суровата храна може да ја спречи, и да ги излечи тешките заболувања како што е ракот. Клучот е во важната состојка во храната која званичните нутриционисти не даваат толку на значај, а тоа се ензимите – активни супстанци во билките, кои учествуваат во варењето на храната. Нашето тело исто така произведува ензими и тие имаат витална улога во многу важни процеси во организмот.
Дневен мени
Утрински појадок: Секој ден почнете со млака лимонада, грејпфрут или овошен шејк или со пудинг.
Ручек: Мариниран зеленчук и зелена салата, или супа и паштета со крекери.
Попладневни појадок: Сок од свеж зеленчук.
Вечера: голема порција со зелена салата, со додаток на маслинки, краставици, домат.
Вечерен појадок: Овошен шејк, свежо овошје или кекс.
Идеи за оброк:
Салата од карфиол:Измешајте половина карфиол, пола пиперка, половина шолја броколи поделена на цветчиња, три лажици лимонов сок, лажица мед, половина лажица сок од портокал, додадете сол и пипер. Оставете сето тоа да поседи три часа и служете со свежите лисја од спанаќ.
Салата со црвена зелка
Измешајте четири шолји тенко исечена црвена зелка, две печени јаболка, млад кромид, рендан морков, половина шолја суво грозје, четири лажици сок од јаболко, три лажици маслиново масло, лажица јаболков оцет, додадете сол, пипер и оставете да поседи два часа на собна температура.
Штангли од јатки
Измешајте четири шолји мелени ореви, шолја мелени индиски ореви, шолја семки од сончоглед, шолја кокос. Во смесата додадете половина шолја путер од кикиритки, пола шолја шуруп од јавор, четврт шолја масло од лан и на врв лажица морска сол. Месете со раце, ставете ја смесата во фрижидер, кога ќе се стегни сечете во штангли.