Зошто кај тинејџерите се јавува агресија?

Објавено на 17 февруари, 2016 во 08:21

Резултатите од едно истражување покажаа дека колку родителите повеќе ги стегаат децата се поголема е веројатноста дека во нив ќе се развие агресивност.

Доколку вашиот тинејџер ги малтретира врсниците, можеби самите сте виновни за тоа. Ова е заклучок на научниците од Универзитетот во Вермонт, кои ја истражувале врската меѓу контролорското однесување на родителите и однесувањето на децата кон врсниците.  Меѓу агресивното однесување се вбројуваат интриги, освета, обид да се посрамоти „жртвата“.

Студијата, објавена во „Списанието за адолесценција“, е спроведена на 180 студенти, од кои повеќето девојчиња на возраст меѓу 18 и 24 години.

Иако станува збор за полнолетни лица, тие и понатаму зависат од родителите, емотивно и финансиски. Тоа им дава на родителите можност да тргуваат со парите и внимание  за да влијаат врз децата да се однесуваат онака како што сакаат тие.

За манипулирање не е неопходен односот „лице во лице“, а балгодарение на технологијата родителилте можат да бидат во постојан контакт со децата, што значи дека ништо не им попречува во манипулирањето и контролорското однесување.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.