Проверете го сами квалитетот на спермата

Објавено на 17 февруари, 2016 во 09:18

За само половина час можете да дознаете колку и дали е плодна вашата сперма. Во продажба се појави првиот домашен тест за сперма, што според производителот има точност од 96 проценти.

Таканаречениот SwimCount преку промена на бојата покажува дали бројот на подвижни сперматозоиди е над или под нивото утврдено од Светската здравствена организација. Доколку се покаже дека спермата е под нивото, тоа е знак дека мажот треба да посети стручно лице за понатамошни инструкции.

За да го направите тестирањето потребно е спермата се става во чашка (без траги од кондом или лубрикант) . Потоа со шприц се земаат 0, 5 мл. Овој примерок се остава во уредот со две комори да отстои половина час.  Само подвижните сперматозоиди може да преминат од едната во другата комора.  Во другата комора ја активираат бојата која што го покажува резултатот. Колку повеќе спрматозоиди има во комората, толку поинтензивна е виолетовата боја.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.