Производи кои не подмладуваат
Овие производи кои ги препорачуваат експертите, се повеќе од самите антиоксиданси. Тие го забавуваат стареењето на мозокот и на телото.
Црното чоколадо го чува здравјето на клетките
Црното чоколадо содржи висока доза на антиоксиданси. Секојдневно конзумирајте црно чоколадо со минимална количина на какао од 70 отсто и на тој начин ќе ја одржите вашата кожа еластична.
Мали лути црвени пиперки
Содржат многу каротеноиди и витамин Ц, кои ја одржуваат структурата на вашите клетки на кожата.
Грав
Гравот е богат со протеини, минерали и витамин Б, поради кои телото ќе ви биде благодарно.
Зелка и семки
Овие намирници се голем извор на калциум и се добра алтернатива на млечните производи. Сите се свесни од потребата за зачувување на коските, затоа во својата исхрана додавајте и семки.
Зелен чај
Зелениот чај е моќен извор на катехин-полифенол, кој има силно антиоксидативно дејство.
Кари
Негова главна состојка е коренот на куркума, која содржи многу противвоспалителни состојки, кои помагаат во намалување на воспаленијата на зглобовите и го намалуваат ризикот од појава на сенилност.