Ослободете се од заноктиците во три чекори

Објавено на 26 февруари, 2016 во 07:19

Иако многу жени ги мразат бидејќи со нив рацете и ноктите изгледаат неубаво,тие не се само естетски проблем. Ако не се грижете за нив или ги негувате на погрешен начин a можете да предизвикате болни инфекции.

Внимателно со ножичките – Многу жени ја сечат и кожата околу ноктите за рацете да изгледаат поуредни и понегувани. На овој начин никако нема да се ослободите од сува и грба кожа но можете да предизвикате и инфекција. Ако тоа толку ви смета кожичката над ноктот нежно потиснете ја нагоре-никако не ја сечете.

Нежна хигиена –Рацете мијте ги често но користете нежен сапун,избегнувајте производи кои содржат алкохол. Рацете заштитете ги со ракавици кога чистите,мијте ги со млака или студена но никако со жешка вода која ја суши кожата.

Хидратација – Заноктиците најчесто ја следат сувата кожа. Затоа е важно кожата на рацете да биде хидрирана. Рацете негувајте ги со хидратантен крем или масла како што се кокосово,маслиново или бадемово.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.