Буковка – борец против ракот и холестеролот
Кралската буковка е добар сојузник во лечењето рак и намалување на холестеролот, покажале новите истражувања.
Печурките од семејството Pleurotus одамна се познати како добра храна. Во последно време од Азија стигнуваат вести дека “pleurotus eryngii” или кралската буковка е многу здрава и лековита.
Буковките се богат со протеини,Б витамини и имаат голема количина на молекули ловостатин кој влијае на смирување на холестеролот.
Алкохолниот екстракт од овие печурки поттикнува барем два молекуларни механизми кои го спречуваат растот на рак на дебелото црево и ракот на дојка,пишува во списанието Меѓународен журнал на онкологијата.
Стручњаците посочуваат секогаш да се јадат термички обработени бидејќи го содржат хермолитичкиот протеин кој ако се консумира во поголеми количини може да биде отров