Белиот леб сепак не е толку лош
Иако најчесто се наоѓа на црните листи,белиот леб сепак има и свои предности. Една од нив е поттикнување на растот на бактерии корисни за работата на цревата.
Поранешните студии се фокусираа на ефектите на поедини влакна и пробиотици. Но научниците на шпанскиот Универзитет Овиедо се насочија на улогата на полифенолите кои се вообичаена состојка меѓу производите кои ги консумираме –овошје,зеленчук,зачини и чаеви, и како полифенолите и влакната заедно помагаат во постигнување на рамнотежа на микробите во желудникот.
Шпанските научници на чело со Сони Гонзалес испитале 38 лица за нивните прехранбени навики и провериле кои бактерии се присутни во нивната столица. Нивната анализа покажала дека пектинот,спој присутен во агрумите,го смалува ново корисните бактерии,што е спротивно со резултатите од претходните истражувања. Научниците најмногу ги изненадило тоа што белиот леб го зголемил бројот на лактобацили,групи бактерии која е многу корисна за човечкиот организам.