Солената храна – непријател на човекот
Објавено на 8 март, 2016 во 08:55
Крвниот притисок може да се покачи и доколку често јадете многу солена храма. Солената храна значајно го зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања, ризикот од рак на желудник и згора на се, го потпомага дебелеењето.
Солта е тивок непријател на современиот човек. Зголемената употреба на таканаречената „бела смрт“, неосетно и секојдневно ни ги оптоварува бубрезите, срцето и крвните садови. Смртноста од овие заболувања во светот вртоглаво расте.
Па затоа внимавајте што јадете. Избегнувајте ја солената храна колку и да е вкусна!