Кафе во служба на убавината
Пијалак без кој не можете да го змаислите денот е најдобриот бјути советник. Ви откриваме како кафето да го вклучите во рутината за да имате нежна кожа и почиста како никогаш досега.
Мед за нормална кожа – Измешајте лажиче мед со лажиче мелено кафе. Добиената паста нанесете ја на исчистеното лице и оставете да делува 20-ина минути.Имзијте со млака вода и на лицето нанесете хидратантен крем.
Какао за богата нега – Мешавина од чоколада и какао е вистинско уживање за непцето но и за кожата.Измешајте лажиче кафе со со лажиче какао и додадете две лажици мед за да добиете мазна паста. Нанесете ја маската на лице и осатвете да делува 20 минути.Измијте со млака вода.
Маслиново масло за сува кожа – Со мешање на мелено кафе и маслиново масло ќе добиете маска која е идеална за нега на сува кожа. Нанесете на кожата и соатвете да делува се додека не почуствувате дека маската почнала да се суши. Штом почувствувате дека кожата ги примила сите состојки,маската измијте ја со млака вода.