Жените и мажите имаат различни симптоми на инфаркт
Најчестите симптоми на инфаркт се болки во градите. Меѓутоа, жените можат да имаат и други симптоми, како болка во грбот, вилицата, вратот.
Кога жената ќе почувствува тежина во градите, остра болка во горниот дел од стомакот, болка во левата рака, грбот, вилицата и вратот или тешкотии при дишењето, би требало веднаш да посети лекар.
Најчест симптом кај мажите е тежок и јак притисок во подрачјето на градите, кој може да се шири во долната вилица и рамeњата.
Во неодамнешното истражување на вкупно 2.500 жени и мажи забележано е дека мажите и жените обично имаат многу слични или исти симптоми на срцев удар (инфаркт), а најчеста е болката во гради која некогаш се шири.
За жените, исто така, постои поголема веројатност дека ќе умрат после инфарктот отколку мажите.