Вежбите не помагаат при слабеењето
Физичката активност има мала улога во борбата со прекумерната тежина. Наместо тоа јавното внимание треба да биде насочено кон нездравата исхрана, советуваат докторите.
Во статија во престижното издание British Journal of Sports Medicine, цитирана од ББС, тројца експерти едногласно велат дека додека вежбите имаат големо влијание врз превенција на болести како дијабетес, срцеви проблеми и деменција, тие имаат малку однос спрема борбата со прекумерна килограми.
Според експертите фундаментално значење за слабеењето има вишокот шеќер и јаглехидрати.
Д-р Асим Малхотра, еден од авторите на статијата, ја обвини прехранбената индустрија за тоа дека го охрабрува верувањето дека вежбите би можеле да се спротистават на влијанието на штетната храна.
“Луѓето со прекумерна тежина нема потреба да прават ни најмалку вежби, за да симнат килограми, тие само треба да јадат помалку. Мојата најголема грижа е дека пораките кои достигнуваат до публиката, се дека можеш да јадеш што сакаш додека вежбаш “, вели д-р Малхотра.
Според други истражувачи сепак во никој случај не треба да се игнорира улогата на слабеењето. Проф. Марк Бејкер од Националниот институт за здравје и добра грижа препорачува “добро балансирана исхрана, комбинирана со физичка активност”. Според него би било “идиотски” да се отфрла важноста на физичката активност.