Коријандерот е корисен за очите
Објавено на 13 јули, 2018 во 09:07
Благодарение на стимулирачкиот ефект врз ендокрините жлезди, коријандерот ја зголемува инсулинската секреција од панкреасот и на тој начин помага со правилната асимилација и апсорпција на шеќер во крвта. Ова својство е многу корисно за дијабетичари.
Богат е со антиоксиданси, витамин А и витамин Ц, минерали и есенцијали масла кои го забавуваат стареењето на очите и развојот на очните болести. Има антимикробни својства кои ги штитат очите од болести, како на пример конјунктивитис. Освен што е лековит, се смета и дека е природен афродизијак. Семето се меле во прав и се меша со мед, што ја зголемува сексуалната желба.