Користете го слезот затоа што е многу корисна билка

Објавено на 30 јануари, 2019 во 11:15

slez fin

Слезот е билка која потекнува од Африка, но која се проширила во Европа и Азија. Таа е еден од најпознaтите народни лекови против кашлица, но и средство за превенција на сите болести на органите за дишење.

Можат да се консумираат сите нејзини делови – и коренот и листовите и цветовите – но најчесто се користат коренот и листовите. Освен со слуз, слезот е полн и со пектин и танин, како и бројни минерали.

Најчесто се користи во вид на чај, кој помага против калицата и бронхитисот. Со него може да се испираат и затнатиот нос и да се ублажи болката во грлото.

Чајот од слез им се препорачува и на лицата кои болно уринираат или задржуваат урина.

Во комбинација со камилица, дава олеснување кај пушачката кашлица, а може да се користи и за лекување на чиреви и хидратација на сува и иритирана кожа.

Освен како чај, слезот може да биде намирница и за подготовка на десерт. Имено, поради неговата леплива и сунѓереста структура, како и високиот удел на шеќер (дури 75 проценти), на Западот одамна се користи и за подготовка на колачи.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.