Сок од портокал, особено препорачлив за пушачите
Само една чаша сок од портокал на ден е доволна за да се постигне здрав изглед на кожата. Освен тоа, портокалот штити од преладување, а витаминот Ц ќе го подобри вашиот имуно систем.
Една чаша портокал значително ги намалува шансите за развој на грип, а освен тоа медицинските истражувања покажаа дека придонесува за снижување на холестеролот и крвниот притисок.
Сепак, добро е да знаете дека не треба да ставате шеќер во сокот од портокал или да испиете еден литар сок за да имате корист од него. Сокот има многу калории па не се препорачува во големи количини.
Исто така, луѓето кои имаат стомачни проблеми треба да знаат дека се работи за кисел сок, а тоа може да предизвика иритација на желудникот.
Сокот од портокал се препорачува на пушачи бидејќи е познато дека го уништува никотинот.