Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

jabolko fin

Најголем дел од производите за слабеење (таблети, сирупи) имаат за цел да го намалат апетитот. Но, најдобро е на природен начин да го контролирате својот апетит. Еве некои производи кои ќе ви го скротат апетитот:

Јаболко. Црвени јаболка, зелени јаболка – не е важно какви ќе изберете. Јаболката се богат извор на растителни влакна кои ќе направат да се чувствувате сити подолго време.

Овесна каша. Нема да погрешите ако појадувате овесна каша. Таа содржи „добри“ јаглехидрати кои согоруваат побавно, па чувствувате помал глад.

Супа. Еден од највкусните начини да го скротите апетитот и да ја одржите вашата линија е супата. Истражување во Пенсилванија покажало дека мажите и жените кои јадат две порции супа дневно губат 50 проценти повеќе тежина од луѓето кои истиот број на калории го внесуваат преку друг тип на храна.

Брокули, зелка, спанаќ, краставица. Зелените зеленчуци се совршени кога сакате да слабеете. Не содржат многу калории, а брзо го полнат стомакот. Пред секој оброк правете си салата од зелка, краставици, спанаќ или брокули и ќе внесувате многу помалку калории за време на оброкот.

Банани. Умирате од глад? Излупете една мала банана и без проблем ќе издржите до наредниот оброк. Бананите се одличен извор на калиум, а и на растителни влакна. Тие го подобруваат варењето на храната и го зголемуваат чувството на ситост.

Црно чоколадо. Не се сомневаме дека ова ќе го пробате. Темното чоколадо кое што содржи најмалку 60-70 проценти какао помага за намалување на апетитот. Но, тука треба да внимавате колку ќе изедете, затоа што колку и да е корисно, темното чоколадо содржи многу масти и калории.

Вода. Внесувате 0 калории, а го мамите мозокот да си мисли дека стомакот ви е полн. Пиењето на вода пред јадење е еден од најевтините и наједноставните трикови за слабеење. Пијте вода во текот на целиот ден, а не пропуштајте и да се напиете една чаша пред секој оброк. Водата може да ви помогне да консумирате дури до 300 калории помалку во текот на еден ден.

Зелен и бел чај. Не ви е пријатно да се полните со вода? Пијте зелен или бел чај неколку пати дневно. Сигурно знаете колку тие можат да ви помогнат да си го зачувате здравјето, но ќе ви помогнат и да изгледате подобро. Зелениот чај го стимулира создавањето на хормони кои го држат апетитот под контрола.

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

E baner

Најново

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на hrmk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/10/2019 година.