Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

bosilek fin

Босилекот е исклучително богат со антиоксиданси, особено со рузмаринска киселина како и фенолни киселини и флавоноиди. Овие соединенија поседуваат антивоспалителни својства и заради тоа босилекот се препорачува со цел да се ублажат симптомите на воспалителното заболување на цревата, како и оток и болка поврзана со артритис. Благодарение на состојките како што се еугенол, линаул, лимонен, естрагол итн. босилекот исто така, има силно антибактериско дејство.

Босилекот делува особено корисно за дигестивниот систем. Ова лековито растенија го подобрува варењето, ги елиминира гасовите во цревата и ја олеснува надуеноста, ги ублажува болките и грчевите во цревата. Во случај на дигестивни проблеми, испијте чај од босилек кој ќе го подготвите така што ќе ставите неколку лисја исушен босилек и ќе ги прелиете со вода што врие, оставете да се олади и процедете. Свежо подготвен, топол чај од босилек пијте 2 до 3 пати на ден по оброците.

Топол напиток од босилек исто така зајакнува, го ублажува заморот и ја подобрува концентрацијата.

Конечно, благодарение на своите антивоспалителни и антибактериски ефекти, босилекот може да помогне и кај респираторните инфекции, за заболувања како што се болка во грлото и кашлица и најдобро е во текот на денот да испиете топол чај од босилек или барем исплакнете го грлото со него.

Поврзани вести

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

Најново