Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

maslo fin

Едно истражување покажало дека екстра дивергентното маслиново масло може да го намали ризикот од Алцхајмерова болест и деменција. Имено, маслиновото масло ги одржува способностите за меморија и учење, додека истовремено го намалува создавањето на амилоиден плак во мозокот, која се наоѓа кај пациенти со Алцхајмерова болест.

За време на тестирањето, научниците утврдиле дека маслиновото масло ги намалува воспалителните процеси во мозокот, како и дека го активира процесот на автофагирање, при што нервните клетки го елиминираат меѓуклеточниот отпад и токсини, но и тау протеините и бета-амилоидите кои се поврзани со појавата на Алцхајмерова болест и Паркинсонова болест. Со други зборови, оваа студија укажува на важната улога на маслиново масло во спречувањето на овие болести.

За здравјето на мозокот поволно влијаат и намирници како што се: какао и црно чоколадо, боровинки, брокули, зелен лиснат зеленчук, ленено семе, ореви, морски плодови и риба.

 

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Најново

АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА СЕМЕЈСТВОТО МАНЕВИ

На 20 декември 2019 година во пожарот што изби во комплексот Варналиите, во Велес, на улица: „Јован Наумов Алабакот“ целосно е оштетена и куќата со реден број 10 на семејството Маневи во која живееја Љубица и Бојан. Огнот ги пеплоса покуќнината, мебел, технички апарати и гардероба. Тие немаат каде да живеат. Засега се згрижени кај роднини. На Љубица и Бојан им е потребна граѓанската помош и поддршка. Граѓани, да му покажеме на ова семејство, дека не е само во загубата на имотот. 

Пред и за време на новогодишните и божикни празници, секој од Вас колку што може нека донира на сметка 210-5016284563-22, депонент НЛБ Тутунска Банка АД Скопје. Сопственик на сметката е Манева Љубица со живеалиште на ул. Јован Наумов Алабакот број 10 во Велес. Број на повикување за физички лица е 289, за правни лицае 262, со назнака донација.

За добронамерните граѓани надвор од Македонија уплатите можат да се вршат на IBAN Code MK7210501628456322, SWIFT TUTNMK22.