Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

kiselazelka fin

Лековитоста на киселата зелка ја надминува лековитоста на многу познати билки.

Сто грама кисела зелка содржи дури 20 мг витамин Ц. Потоа витамин А, фолна киселина, магнезиум, фосфор, калциум, калиум, натриум и протеини. Одличен извор е на витамин Б12, затоа особено се препорачува на вегетаријанци и вегани.

Тоа што ја прави киселата зелка различна од сировата се пробиотичните бактерии. Киселата зелка е оригинална ферментирана храна природно богата со пробиотични култури. Поради тоа киселата зелка е многу важна во третманот на болести предизвикани од нерамнотежа на цревната флора, особено по терапија со антибиотик или хемотерапија.

Киселата зелка го забрзува заздравувањето на рани, а делува и кај реума и воспаление на вените. Локално, можете да го користите за ублажување од чешањето на кожата поради разни алергиски воспаленија, мали изгореници и убоди од инсекти, особено пчели или оси. На погоденото место ставете ја облогата и завиткајте со завој или газа. Ако имате главоболка, на челото поставете лист од кисела зелка и завиткајте со газа. Луѓето кои консумираат многу кисела зелка се посилни и поотпорни на болести. Поради тоа, киселата зелка особено се препорачува на стари лица, лица со ослабен имунитет и на деца.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА СЕМЕЈСТВОТО МАНЕВИ

На 20 декември 2019 година во пожарот што изби во комплексот Варналиите, во Велес, на улица: „Јован Наумов Алабакот“ целосно е оштетена и куќата со реден број 10 на семејството Маневи во која живееја Љубица и Бојан. Огнот ги пеплоса покуќнината, мебел, технички апарати и гардероба. Тие немаат каде да живеат. Засега се згрижени кај роднини. На Љубица и Бојан им е потребна граѓанската помош и поддршка. Граѓани, да му покажеме на ова семејство, дека не е само во загубата на имотот. 

Пред и за време на новогодишните и божикни празници, секој од Вас колку што може нека донира на сметка 210-5016284563-22, депонент НЛБ Тутунска Банка АД Скопје. Сопственик на сметката е Манева Љубица со живеалиште на ул. Јован Наумов Алабакот број 10 во Велес. Број на повикување за физички лица е 289, за правни лицае 262, со назнака донација.

За добронамерните граѓани надвор од Македонија уплатите можат да се вршат на IBAN Code MK7210501628456322, SWIFT TUTNMK22.

 
   
   
   
   

Најново