Се огласи кралицата Елизабета Втора по смртта на нејзиниот сопруг
12.04.2021
Британската кралица Елизабета Втора изјави дека смртта на нејзиниот сопруг, принцот Филип, војводата од Единбург, оставила „огромна празнина“.
Кралското семејство потврди дека смртта на принцот Филип била мирна и лесна, додека принцот Ендру, војводата од Јорк и помладиот син на британската кралица, потврдил дека неговата мајка ја опишала мирната смрт на неговиот татко, во својот дом.
Сопругата на принцот Ендру, Софија, војвотката од Весекс, по завршувањето на мисата во црквата изјавила дека е праведно што принцот Филип „отишол толку нежно, како некој да му ја зел раката и да го однел“, пишува лондонскиот весник „Гардијан“.
„Тој не напушти многу, многу тивко и тоа е сè што можете да посакате за него во вакво време. Мислам дека беше многу полесно за него отколку што е сега за нас кои не остави зад себе“, рече сопругата на принцот Ендру.
Принцот Хари се врати во Велика Британија поради погребот на неговиот дедо принцот Филип, без неговата сопруга Меган Маркл, пренесува британскиот таблоид „Сан“, повикувајќи се на очевидци.
Бакингемската палата во саботата објави дека неговата бремена сопруга Меган нема да присуствува на погребот, бидејќи лекарот ја советувал да не патува.
Ова е прво доаѓање на Хари (36) од САД откако тој и Меган се повлекоа од кралската функција.