Ученичкиот распуст продолжен до 23 јануари

Објавено на 13 јануари, 2017 во 16:35

Министерството за образование и наука (МОН) ја прифати мерката на Министерството за здравство и на Комисијата за заразни болести за продолжување на зимскиот распуст за учениците, поради состојбата со грипот. Со ова, и официјално, второто полугодие од учебната година наместо на 18 јануари, ќе почне на 23 јануари.

 

„Врз основа на сиот ризик што постои од грипот, предложената мерка е прифатлива за Министерството за образование и наука“, изјави денеска заменик-¬министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.

Тој додаде дека МОН за одлуката денеска ќе ги извести сите училишта во државата, а двата дополнителни дена од зимскиот распуст (18 и 20 јануари) учениците ќе ги одработат во сабота за да се исполни вкупниот фонд од 180 наставни дена во учебната година.

Одработувањето на деновите најверојатно ќе биде во март и во април.

Продолжување на распустот, секојдневна дезинфекција на автобусите во јавниот градски превоз во Скопје и во другите градови со организиран јавен превоз и темелна дезинфекција на училиштата пред почетокот на второто полугодие од учебната година, се мерките за намалување на ширењето на грипот во земјава, што ги донесоа Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.